џубеир

Џубеир: Сега нема да се замараме со Катар, бидејќи имаме поважна работа со Иранската закана

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, изјавил дека прашањето за Катар сега е “мала работа” и дека Саудиска Арабија е фокусирана на повеќе важни работи, како што се “Иранската закана за арапската национална безбедност, сириската криза, јеменската стабилност и борбата против тероризмот” .
“Не мораме сега да се замараме со Катар”, им изјавил Џубеир на новинарите во Египет на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Арапската лига.
Потсетуваме, Саудиска Арабија воведе економска блокада против Катар. Една од причините е, наводно, премногу блискиот однос меѓу Доха и Техеран.

Извор:Advance

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − one =

%d bloggers like this: