liban

НАПНАТО ВО ЛИБАН: Генералот Аун побара целосна подготвеност на војската заради заканите од Израел

Началникот на Генералштабот на либанската армија, генерал Џозеф Аун, побарал од армијата “целосна подготвеност” во јужниот дел на границата како би се соочила со “заканите од израелската армија”.
На својот Твитер профил Аун ги повика либанските војници да бидат подготвени за “добро имплементација” на резолуцијата на Обединетите нации 1701 за “зачувување на стабилноста” на границата со Израел, објави Ројтерс.
Либанската армија е одговорна за безбедноста на нејзината граница, според резолуцијата на ОН, со која заврши војната во 2006 година меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Во Либан избувна политичка криза, откако премиерот Саад ал Харири на 4-ти ноември во видео снимка од Саудиска Арабија објави дека поднесува оставка.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 8 = fourteen

%d bloggers like this: