manceski

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

– Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза, а во однос на закон за медиуми, пак, апсолутно не брзаме и ќе се договориме заедно со медиумите кога да ја почнеме дебатата – рече Манчевски.

Тој додаде дека интернет-медиумите се предмет на законот за медиуми, но дека Министерството само ќе отвори дебата во тој поглед.

– Нема да излеземе со конкретни предози. Веднаш по законот за ААВМУ, ќе отвориме дебата за законот за медиуми. Личен став ми е дека минимум што интернет-портал треба да декларира е кој му е главен уредник – истакна Манчевски.

Според него, Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера.

– Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиумите. Тоа треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Нам, како Влада, единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие сметаат дека треба да се спроведе – изјави Манчевски.

Министерот рече дека Владата е тука за да чуе какви измени се потребни, но оти дебата треба да биде полезна и да не трае до недоглед бидејќи треба да се носат одлуки и решенија.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 4 = thirty two

%d bloggers like this: