erdogan

ЕРДОГАН: Западот го уништува единството на исламските народи

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ги обвини западните нации за обид за спроведување на “валкано сценарио” за уништување на единството, заедништвото и богатството во исламските земји, пренесуваат кинески медиуми.
На почетокот на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул рекол дека е очигледно дека Западот се обидува да ја обезбеди своја иднина “со извоз на болесни елементи во исламскиот свет”.
Ердоган додал дека терористичките организации како што се “Исламската држава”, “Ал каида” и “Боко Харам” целиот регион го претворија во подрачје на крвопролевање, додека Западот на таквите настани не реагирал, пренесува Синхуа.
“Исламофобијата, неоанацизмот и расизмот во голема мера ја замениле демократијата, човековите права и слободата во западните земји,” изјавил Ердоган и ги повика исламските нации да превземат акции со кои ќе се расипаат “игрите на Западот” и да не молчат пред оние што исламофобија ја користат како инструмент .
Извор:Klix



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = sixteen

%d bloggers like this: