600_1511371526sirija

Лидери на Турција, Иран и Русија: Да се сочува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија

Лидерите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани се состанаа во Сочија на трилатералниот самит за Сирија.
По средбата ги повикаа претставниците на сирискиот режим и опозицијата, која ја поддржува целокупноста на земјата, на Конгрес на националниот дијалог на Сирија, кој ќе се одржи во Сочи. На средбата било усвоено и заедничко соопштение во кое е потврдена силната посветеност на сувереноста, независноста и единството на Сирија.
- Лидерите на државите уште еднаш ја потврдија силната посветеност на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија. Исто така, нагласено е дека било каква политичка иницијативи со цел намалување на тензиите, воспоставување непрофитни зони и разрешување на сириската војна не смеат да му нанесат штета на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија – се наведува во соопштението.
Путин на почетокот на средбата изјавил дека терористичката организација ИСИЛ е поразена заради напорите на Турција и Иран во борбата против тероризмот.
Главната тема на состанокот била актуелната ситуација во Сирија и мировниот процес што се води и во Астана, со посебен осврт на имплементација на договорот за воспоставување на зоната на деескалација во четири сириски региони.
Извор:faktor



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ three = 6

%d bloggers like this: