mijanmar

ПРИМИРЈЕ ВО МИЈАНМАР: Потпишан договор за враќање на протераните Рохинја муслимани

Како јавуваат медиуми во Бангладеш, министерката за надворешни работи Мијанмар Аунг Сан Су Кји и нејзиниот колега од Бангладеш Абул Хасан Махмуд Али денес разговарале околу 45 минути.
По средбата, Али изјавил дека со Су Кји потпишан договорот за враќање на бегалците кои во Бангладеш пребегнале од Аракан од Аракан.Сепак, детали од договорот не се откриени, ниту пак е прецизиран датумот кога ќе биде овозможено враќање.
Али на почетокот на октомври во Дака а за проблемите на муслиманите од Аракан разговарал со Су Кји.
После овј разговор, мијанмарската администрација соопштила дека ќе ги прифати муслиманите од Аракан кои избегале во Бангладеш доколку бидат регистрирани.
Во нападите кои мијанмарската војска под изговор на борбата со вооружени милитанти, извршуваше разни напади и злосторрства над цивилите во Аракан, од 25 август кога настрадаа илјадници муслимани. Точниот, број на жртвите не е можно да се утврди, бидејќи администрацијата Мијанмар не дозволува влез или излегување од наведената област.
Околу 300 села беа уништени во нападите кои прераснаа во етничко чистење, а повеќе од 600.000 муслимани од Аракан избегаа во Бангладеш. Голем број од нив и понатаму бараат начин да го избегнат насилството.
Условите во камповите во Бангладеш во кои се сместени муслиманите од Аракана, се далеку од идеални, а владата на таа земја, честопати го повикува Мијанмар, да им овозможи на овие луѓе да се вратат во земјата.
(СБ / агенции)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 10

%d bloggers like this: