ердоган

Ердоган во прва посета како шеф на турската држава на Грција од 1952

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во следните неколку дена ќе ја посети  Грција, објави денес висок официјален претставник на Турција , како прва посета на еден шеф на турската држава после 65 години.
Ердоган лично, како премиер, ја посети Грција во 2004 и 2010 година, меѓутоа овој пат најавената посета ќе биде прва посета на еден турски претседател на соседната земја, откако Celal Bayer ја посети Атина во 1952 година.
Турција и Грција имаат историја на лоши односи што датираат од создавањето на модерната Турска Република на урнатините на Османлиското царство.
Партијата на Ердоган,  Партија на правдата и развојот (АКП), која дојде на власт во 2002 година, сепак има, прагматичен пристап на врските со Атина, заснован на туризмот, наместо на национализмот.
- Нашиот претседател ќе биде прв претседател на Турција кој ќе ја посети Грција после 65 години – изјавил заменик на турскиот премиер Хакан Чавушоглу, не конкретизирајќи ги временските рокови, пренесува турската државна новинска агенција Анадолија.
- Мислам дека оваа посета ќе донесе значајни резултати – додаде Чавушоглу, кој е роден во Грција.
Односите помеѓу Анкара и Атина исто така напредуваа откако Алексис Ципрас, за кого се верува дека има срдечни лични врски со Ердоган, беше избран за премиер во 2015 година.
И Грција и Турција се приклучија на НАТО во 1952 година, но односите се затполија дури во 1999 година, после разурнувачките земјотреси, кои во рок од неколку недели ги погодија двете земји.
Исто така, тие блиско соработувале во мигрантската криза во 2015 година, кога Грција го поддржа договорот на ЕУ и Турција за спречување на приливот на мигранти.
Сепак, постојат бројни спорни точки меѓу двете земји.
Атина е незадоволна од турскиот однос кон византиските споменици во Истанбул, поранешен Константинопол, вклучувајќи ја и Аја Софија, која е официјален музеј, но се забележ нагло зголемување на муслиманските активности во последниве години.
Грција е исто така вознемирена од одредени изјави на Ердоган, особено против  договорите после Втората светска војна, со кои се определуваат границите на двете земји и се подразбираат дека речиси сите егејски острови се грчки територии.
Турција, меѓувреме, не е задоволна што Грција обезбеди засолниште на осомничени лица бараните заради пропаднатиот пуч од 2016 година, посебно за осум-те војници кои избегаа со хеликоптер на ноќта кога бил изведен пучот.
Друга точка на спорот е Кипар, чиј северен дел сеуште е под контрола на Турција после инвазијата од 1974 година, која била изведена како реакција на пучот кој го предизвикала Атина за обединување на островот со Грција, пренесува АФП.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 2 =

%d bloggers like this: