Sir Bani Jas

АБУ ДАБИ (Фото приказна) : Остров Sir Bani Jas Оаза на забава во пустина

Островот Sir Bani Jas, се наоѓа на околу 250 километри западно од крајбрежјето на Абу Даби, истото претходно беше во приватна сопственост на шеикот Заједа бин Султан Ал Нахјан, оснивач на Обединетите Арапски Емирати, кое му служело како оаза за мир.
Со желба да го сочува како живеалиште на 13.000 животни кои на Sir Bani Jas, го нашле својот дом “Таткото на нацијата” во 1971 го започнал проектот за озеленување на ова оаза; Засадено е неколку милиони дрва, а шест години подоцна островот е прогласен за природен резерват. Антилопи, газели, жирафи, повеќе од 100 видови ретки диви птици, гепарди, хиени, лами и други животни добија свое заштитено царство во близина на Абу Даби.
Со време, локалните власти одлучија дека Sir Bani Jas да не остане само голем природен резерват во оваа област на Блискиот исток. Овој остров стана и место каде туристите итекако можат да се забавуваат, да се занимаваат со спорт и рекреација на рајски плажи и во луксузни хотели. Имено, пред 11 години покренат е проект за развој на туризмот; инвестирано е повеќе од 40 милијарди долари, отворен е тематски парк Ферари Свет-Ferrari World, а финалниот изглед Sir Bani Jas  ќе го добие во 2018 година, кога првичниот концепт треба да биде завршен.
До сега, островот Sir Bani Jas го посетија 25 милиони луѓе од целиот свет. Очекуваме дека следната година таа бројка ќе скокне барем за пет милиони, бидејќи на ова место ќе биде отворена светската атракција – тематски парк Warner Bros, како и нови хотели.
Меѓутоа, она по што е островот стана познат – природениот резерват – и понатаму донесува големи приходи. Порано требало да се резервира место за викенд посета на резерватите преку авантуристички сафари, дури и една година однапред! Денес, спојот на зачуваната дивина и луксузни објекти за одмор и забава,и понатаму ги привлекува светски патници кои од посета на некоја дестинација очекуваат услуга од седум ѕвездички. Навистина, на Sir Bani Jasu не постојат хотели категоризирани како “Бурџ ал Араб” во Дубаи, ама и пет ѕвездички се повеќе од доволно за одмор кој се памети до крајот на животот.
  
Љубителите спорт можат да уживаат во голф терени, во кајакарство, планински велосипедизам, стрелаштво, планинарење и едрење.

Извор:Biro




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − three =

%d bloggers like this: