столтенберг

НАТО: На Турција и гарантираме дека скандалот од Норвешка нема да се повтори

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека е спроведена детална истрага за скандалот со воените вежби на НАТО во Норвешка, нагласувајќи дека и дале гаранции на Турција дека овој случај повеќе нема да се случи.
По состанокот со естонскиот претседател Керсти Каљулаид, Столтенберг им изјавил на новинарите дека се моментално се утврдуваат потребните процедури, за да не се повтори овој скандал.
“Ги истражувам процедурите дека ваков случај повеќе нема да се повтори. За време на викендот, по трлефон разговарав со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и испратив извинување по повод случајот. Го информирав и како веднаш ги презедовме сите потребни чекори против одговорните лица – рекол Столтенберг.
Тој додаде дека на турските власти им дал уверување дека овој случај повеќе нема да се повтори, истакнувајќи дека Турција е важен сојузник на НАТО.
“Придаваме големо значење на придонесот на Турција во рамките на НАТО”, рекол Столтенберг.
За време на неодамнешните воени вежби на НАТО во Норвешка, постери на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и основачите на модерната Република Турција и неговиот прв претседател Мустафа Кемал Ататурк беа прикажани како непријатели.
Турција ги повлече своите војници од вежбит, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во повеќе наврати му се извини на Турција заради инцидентот.
Извор:faktor



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 0

%d bloggers like this: