мека

Забрането фотографирање на две најпознати џамии на светот

Саудиска Арабија го забрани фотографирањето и сликањето во двете најсвети џамии во исламот – Големата џамија во Мека и џамијата на Пратеникот во Медина.
Управата за медиуми и информации на Саудиска Арабија ја донесе оваа одлука на 12 ноември оваа година, пишува Daily Sabah.
Во соопштението се наведува дека забраната се применува за заштита и зачувување на светите места. Таа се однесува на посетители и претставници на медиумите, и ги вклучува области околу џамиите.
Саудиските власти, како една од причините за воведување на забраната, посочија дека верниците биле попречувани за време на молитвата.
“Во случај на прекршување на забраната, која е наметната за да се обезбеди непречено одвивање на  молитвата, ќе бидат одземени предметите што ќе бидат искористени за снимање на фотографии и видео записи, ќе бидат одземени, а ќе бидат превземени и правни дејства”, се вели во соопштението.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = fifteen

%d bloggers like this: