ВЛАДА

Прво соочување на Владата со пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Зоран Заев и министрите првпат од формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.

Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот започнува да ја одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради локалните избори таа беше одложена. Седницата, според Деловникот, се одржува секој последен четврток во месецот, но овојпат е поместена за петок имајќи ја предвид денешната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.

Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.

Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29 септември 2016 година, непосредно пред распуштањето на минатиот состав на Парламентот поради одржувањето на парламентарните избори во декември, по што беше формирана новата Влада.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × = 42

%d bloggers like this: