Untitled

НАТПИС НА ПОЛСКИ ХОСТЕЛ: Забранет влез за Евреи, Комунисти, Крадци и Предавници

Хостелот – Вроцлав – југозападниот дел на Полска доспеа во центарот на вниманието заради големиот банер кој наводно со месеци стои на влезот.
На него пишува дека влезотво хостелот е “забранет за Евреите, комунистите, крадците и предавниците”.
Хостелот се наоѓа во едно мало место Чезаровице, а фотографијата на банерот  најпрво се проширила на Твитер, и заради тоа  а многумина хостелот го нарекоа “домот на нацистите”.
Постерот, наводно, со месеци стои закаќен на влезот во дворот на хостелот, а локалните власти не превзеле ништо во врска со тоа, бидејќи тоа е “приватна сопственост”.
Сопственикот, наводно, е Петрот Рибак, кој моментално отслужува затворска казна токму поради инцидент за расизам.
Како што пишува “Русија денес”, во ноември 2015 година во Вроцлав, Рибак запалил слика на Евреи. Тој се бранел со зборовите дека “ја запалил сликата на Џорџ Сорос”.
Извор:СБ



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − 4 =

%d bloggers like this: