IMG_0387 (Copy)

Ребиу-л-Евел месец на оживување на суннетот на Мухаммед а.с

Подгорци. 29.11.2017 г. По повод предстојниот роденден на пејкамберот Мухаммед а.с 12-ти Ребуи-л-евел, вечерва во просториите на Подгоречката џамија се оддржа пригодна свечност, каде талебињата кои посетуваат веронаука, преку своите рецитали, читање на Кур`ан, Хадис, и Илахии, уште еднаш нё постетија на оваа значаен датум во историјата на муслиманите, односно роденденот на нашиот пејкамбер Мухаммед а.с.

Се надевам дека со ваквите свечености ќе  прдолжиме и понатаму, бидејќи со нив на некој начин се обидуваме да ги оживееме неговите суннети во нашата свест, односно потсетиме на неговите сунети кои веќе сме ги заборавиле, и сето тоа што тој ни го пренесол. Се разбира  тоа ни доаѓа и како многу убаво потсетување и при одбележувањето и на другите познати датуми од историјата на исламот и сето она што ни се пренесува.

IMG_0384 (Copy)

Како и секоја година, така и оваа на наш својствен начин се обидуваме нашите џематлии да ги постетиме на вредноста на овој датум поврзан и значаен за сите муслимани ширум светот.

Ребиу-л-евел е месец на оживување на суннетот на Мухаммед а.с.

Само како мало и кратко потсетување, Мухаммед а.с роден е во понеделник, во зората, 20.април 571 година по Иса а.с што одговара на 12.ребиу-л-евел. Неговиот татко Абдуллах починал починал додека Мухаммед а.с бил во стомакот на неговата мајка Амине, а неговата мајка се преселила на ахирет кога тој имал шесст години.Првите четири години Мухаммед а.с ги поминал во племето Бену Са`д.

За нашиот пејкамбер Мухаммед а.с постојат голем број на ајети кои го најавуваа неговото доаѓање, и кои како муслимани треба да ги знаеме и потсетуваме на него, како на неговиот роденден, така и на сите преостанати работи кои тој ги постигнувал и правел за времето на својот живот.

Исто така би сакале да им се заблагодариме на нашите талебиња кои вложуваат труд во стекнувањето на своето знаење околу исламот и сето она што му припаѓа него- ни изјавија накратко имамите на оваа џамија.

А, ние почитувани преку видео ви ја пренесуваме оваа наша свечност која вечерва го оживеа суннетот на Мухаммед а.с.

IMG_0379 (Copy) IMG_0380 (Copy) IMG_0381 (Copy) IMG_0382 (Copy)  IMG_0387 (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 1

%d bloggers like this: