Последни Вести
Search
5a2043aa-21a4-40fc-8bab-7c920a0a0a7e-medresa-mevlud-5-previewOrg

(Фото) Во Гази Хусрев-беговата џамија по повод роденденот на Мухаммед а.с оддржана централна мевлудска свеченост

Во Гази Хусрев-бег џамијата во Сараево, после акшам-намаз, се одржа централна церемонија на Мевлуд по повод раѓањето на Мухамед, а.с. кој е во исламската традиција се обележува на 12-ти ребу-л-еввела по лунарниот,хиџретски календар  агенцијата Анадолу (АА).
По тој повод, пригодна програма на илахии и мевлуд проучиле имамите на Мешихатот на исламска заедница во Сараево, хорот Гази Хусрев-бег и гости од Турција.5a2043ac-52e0-478b-acd8-7c5d0a0a0a7e-medresa-mevlud-6-previewOrg
На крајот од програмата, мевлудско предавање одржал Деканот на Факултетот за исламски науки (ФИН) во Сараево, проф. Зухдија Хасановиќ.
На ова свеченост присуствуваал Ферид еф Даудовиќ, главен имам на Меџлисот на исламска заедница во Сараево, Хасан Атли, аташе за верски прашања во Амбасадата на Република Турција во БиХ и голем број на верници.
Потсетуваме, муслиманите во петокот, 1 декември ќе го одбележат денот на раѓањето на Мухамед, а с.,- мевлуд.
Мевлуд, денот на раѓањето на Мухамед, а.с., во исламската традиција се обележува на 12-ти ревју-л-еввел според лунарниот, хџретски календар. Денот на Mевлуд е еден од најрадосните денови за муслиманите, бидејќи раѓањето на пророкот претставува почеток на исполнувањето на духовната зрелост на човештвото.
Муслиманите на Пратеникот Мухаммед а.с,  се сеќаваат како на човек кој со својот живот го досегнал зенитот на човештвото, бидејќи како пророк ја почувствувал моралната исполнетост на она што ја прави совршената човечка природа. Мухамед, а.с, се одликувал со одржување на равнотежа помешу духот и материјата, срцето и душата, животот и смртта.
За време на учењето на мевлуд, како и во текот на месецот на ребиу-л-еввел, муслиманите носат салавати, на Мухамед, и овој чин има посебна вредност со оглед на тоа што салаватите се однесуваат на Мухамед а.с.,како и на Возвишениот Аллах џ.ш, и избраните мелеци.
Оваа година, 12-тиот ребу-л-еввел се слави во петок, 1 декември 2017 година. Тој ден во Гази Хусрев бег џамијата во Сараево по повод 12-ти ребу-л-еввел се обрати Реису-л-уламата на Исламската заедница во БиХ, Хусеин еф. Кавазовиќ.
5a2043a4-16a8-4057-bc76-7c9a0a0a0a7e-medresa-mevlud-1-previewOrg 5a2043a5-ba8c-4897-858b-7c3e0a0a0a7e-medresa-mevlud-2-previewOrg 5a2043a6-3e10-4722-9dae-7c910a0a0a7e-medresa-mevlud-3-previewOrg 5a2043a8-a2f8-4813-9143-7c120a0a0a7e-medresa-mevlud-4-previewOrg 5a2043aa-21a4-40fc-8bab-7c920a0a0a7e-medresa-mevlud-5-previewOrg
Извор:(Vijesti/ AA)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = twenty eight

%d bloggers like this: