Последни Вести
Search
дубаиполиција

ДУБАИ ПОЛИЦИЈА: Ќе знаеме што правите во вашиот автомобил

Апелите на полицијата од Дубаи да не се телефонира и испраќа пораки додека се вози станува законски казниво. И покрај фактот што “црните точки” како и “ударот по џебот” ги наведоа возачите повеќе да се грижат за својата безбедност, а во исто време и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, сепак се уште ги има оние кои сакаат да разговараат за време на возењето и да испраќаат пораки додека се наоѓаат зад воланот.
Со цел понатамошно зголемување на безбедноста на патиштата, полицијата во Дубаи наскоро ќе почне да користи машина за вештачка интелигенција на која нема да може да им избега ниту еден прекршок.
На полициските возила ќе се наоѓаат “сё гледачко око” кое по автоматизам ќе ги известува полицајците за тоа дали возачот телефонира во текот на возењето, испраќа пораки, сурфа на интернет, јаде, пие или пак го прекршува правилото кое се однесува на брзината и почитувањето на другите сообраќајни правила.
Од полицијата во Дубаи не наведоа точен датум кога машината за вештачка интелигенција ќе почне да се користи, ама како што во овој дел од светот сè што е најавено истот и брзо бидува и имплементирано, веруваме дека во текот на следната година полицајците во секој момент ќе можат да нё следат додека се наоѓаме во нашиот миленик на четири тркала- изјавил жител на овој Емират.
Извор:BIRO



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 2

%d bloggers like this: