Последни Вести
Search
дубаи1

РОДЕНДЕН НА ОАЕ: Историја за гордост (Видео)

Од 2 декември 1971 година, до денес, Обединетите Арапски Емирати напреднаа со глема брзина. Одличната репутација што земјата ја доби во текот на минатото речиси половина век е над очекуваното и несомнено на глобално ниво.
- Нашата земја започна како сон на визионери - изјави шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи и премиерот на ОАЕ по повод 46 години од основањето на државата. – Починатиот Шеик Зајед, заедно со неговиот брат, починатиот Шеик Рашид, покрена дијалог базиран на заеднички сон кој почива на  основа на принципот на единство. На регионално ниво, Обединетите Арапски Емирати е држава која бележи најбрз раст која е фокусирана на паметните (смарт) технологии, а нашата цел е дека сите луѓе кои живеат во Емиратите да бидат среќни и напредуваат во успешна средина која ќе го зајакне нашето глобално влијание. Среќата е основното право на секое човечко суштество. Среќата е кога едно лице се чувствува безбедно, кога има достоинство, дом и семејство, како и убава иднина, а државата треба да овозможи остварување на соништата и амбициите на секое човечко суштество. Емирати се мултинационално опкружување и искрено го цениме придонесот на секој странец кој учествува во одржувањето на репутацијата на нашата земја и постојано поттикнување на развојот. Патот кон иднината не е лесен, но јас сум убеден дека со силната волја на сите граѓани на ОАЕ, определување и напорна работа, ќе ги реализираме нашите амбиции и ќе станеме најдобри од најдобрите, секогаш и засекогаш.
Во видеоснимката која по повод 46 -от роденден на ОАЕ го подготвила редакцијата на Khaleej Timesa погледнете ги интересните факти кои ја одбележаа историјата на ова земја.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − = five

%d bloggers like this: