Последни Вести
Search
al-barakah-nuclear-plant-abu-dhabi_650x400_61512314280

ОАЕ ги отфрлија и негираат тврдењата дека Абу Даби бил цел на проектил од страна на шиитските терористи во Јемен

Абу Даби.04.12.2017. WAM. Националната агенција за вонредна криза и справување со катастрофи вчера  објави соопштение во кое ги  негира тврдењата на терористилчката организација на шиитските Хути од Јемен “Al Houthis’ “дека истрелале проектил кон територијата на Обединетите Арапски Емирати.
Во соопштението објавено на официјалната новинска агенција WAM во неделата, властите изјавија дека воздушниот одбранбен систем на Обединетите Арапски Емирати е способен да се справува со каква било закани од ваков вид.
Нуклеарната централа Бараках е безбедна од било какви можни напади, истат е опремена со сите системи за безбедност и видови нуклеарна заштита од било какви обиди за нејзино уништување, и тие како објекти од голема важност за државата ја имаат најголемата заштита и приоритетот како национални проект.
Нуклеарната централа Ал-Бараках изградена е од страна на корејска енергетска корпорација KEPCO и би требало да биде довршена и зтави во употреба во 2018 година, нагласил министерот за енергетика на ОАЕ.
Националната агенција ги уверува граѓаните и жителите на ОАЕ дека атмосферата на областа околу нуклеарниот објект е безбедна, како и на целата територијана Обединетите Арапски Емирати.
Националната агенција исто така ја повија јавноста да не обрнува внимание на лажните информации што се шират од страна на медиумите кои се задолжени да шират лажни информации, и кои секогаш се против ОАЕ, на тој начин обидувајќи се да ја стават на тест безбедноста и силата на ОАЕ.
Емиратите располагаат со соодветна технологи за одбрана од вакви обиди за терористички напади, нашата армија и безбедносни сили располагаат со целосен морал за одбрана на земјата,како и технологија која Емиратите ја ставаат на листата на најдобро опремени армии на Блискиот исток.
Ова е втор пат шиитските терористи припадници на племето Хути да пренесуваат лажни информации, слична како онаа која ја објавија пред неколку месеци дека “успешно“ испалиле тест проектил спрема главниот град на ОАЕ Абу Даби.
Уште еднашп ги повикуваме жителите на ОАЕ да не подлегнуваат на дезинформациите кои се шираат оид страна на медиуми. лица како и терористички организации дека можат а и дека се обиделе да ја загрозат безбедноста на ОАЕ, стои во краткото известување во соопштението по повод објавените информации дека шиитските бунтовници од Јемн ја со проектил ја гаѓале нуклеарната централа Бараках.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + = 14

%d bloggers like this: