За време на демонстрациите на Западниот Брег, заради одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, според која дека Ерусалим го призна како главен град на Израел, 49 лица се повредени, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).
 1
Демонстрации се одржаа во Хеброн, каде интервенирала израелската армија.
Како што тврдат очевидци, војниците користеле солзавец и муниција, а Палестинците возвратиле со камења. Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека 49 Палестинци се повредени.
Демонстрациите на Западниот брег се уште се во тек. Протести, исто така, се одржаа во Источен Ерусалим, во близина на Вратат на Дамаск и Американскиот културен центар.
Конфликтот помеѓу демонстрантите и полицијата дојде кога Палестинците се обиделе да влезат во Центарот.
Трамп на прес-конференцијата минатата ноќ изјави дека е време Ерусалим да биде официјално признаен како главен град на Израел. Американскиот претседател рече дека веќе и` наредил на американската администрација да започне со подготовките за пренесување на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
 2 3 4
Извор:faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име