Последни Вести
Search
пенс

Фатах му порача на Пенс да не доаѓа во Палестина, не е добредојден

Високиот палестински официјален претставник на владејачката партија на претседателот на Фатах, Махмуд Абас, Џибрил Раџуб, денес изјави дека американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој треба да го посети регионот подоцна овој месец, не е добредојден во Палестина.
“Во име на Фатах, порачувам заменикот на Трамп нема да му посакаме добредојде на палестиснките територии.
Тој побара да се состане со Абас на 19 декември во Витлеем, ама тој состанок нема да се одржи “, изјавил Раџуб, а пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера Ерусалим и официјално го призна како главен град на Израел, игнорирајќи ги предупредувањата на арапските и европските лидери, притоа предизвикувајќи протести од страна на Палестинците.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − one =

%d bloggers like this: