чикаго протести

ЧИКАГО: Илјадници демонстранти протестираа против одлуката на Трамп за Ерусалим

Неколку илјадници демонстранти се собрале синоќа на улиците во Чикаго во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел, јави агенцијата Анадолу (АА).
Демонстрантите се собраале пред Federal Plaz во центарот на градот, носејќи големо палестинско знаме и транспаренти со пораки “Ерусалим, Црвена линија”, “САД и Израел, тргнете се од  Ерусалим” и “Режимот Трамп / Пенс мора да падне”.
Неколку лидери на невладини организации се обратиле на собирот, а демонстрантите марширале по улиците извикувајќи слогани “Слобода за Палестина, не Израел” и “Доналд Трамп мора да замине”.
И покрај екстремниот студ, демонстрантите марширале околу градот четири часа, а протестната прошетка заврши со собир пред зградата на израелскиот конзулат.
 chicago-protest-1
Собирот бил проследен со строги безбедносни мерки и не бил забележани поголеми инциденти.
Трамп во редата го призна Ерусалим како главен град на Израел и му нареди на Стејт департментот да започне со подготовките за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Оваа одлука наиде на остри критики од целата меѓународна заедница, а особено од земјите на исламскиот свет.
Извор:(Vijesti / AA)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× six = 36

%d bloggers like this: