Последни Вести
Search
5

Западен Брег: Во новите протести повредени 12 Палестинци

Во новите протести на Западниот брег, заради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главниот град на Израел, повредени биле 12 Палестинци , соопшти Министерството за здравство на Палестина, пренесува Анадолу Агенцијата (АА).
 4
Од министерството издадоа соопштение во кое се наведува дека две лица биле заради користење на гумени куршуми од страба на израелската војска, додека десетина примиле медицинска помош поради вдишување на гас кој израелските сили го користеле за разбивање на протестот во Витлеем.
Палестинските политички фракции во четвртокот навечер издадоа заедничка изјава, во која се повикуваат на демонстрации на Западниот брег и Источен Ерусалим, кои се под Израелска окупација, во знак на протест против спротивставувањето на САД.
У петок се одржаа големи протести во Појасот Газа и Западниот брегот, при што двајца Палестинци ги изгубија животите во конфликти со Израелските сили. Во саботата рано утрото беа убиени уште двајца Палестина во воздушните напади што Израел ги изведе во Газа.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинскиот конфликт, палестинците се надеваат дека источниот Ерусалим, кој моментно е под Израелска окупација дека ќе биде главниот град на иднината на Палестинската држава.
1 2 3
Извор:faktor



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = six

%d bloggers like this: