1

(Видео) Присутност од која Израел стравува, лидер на про-иранска милиција се појави на либанско-израелската граница

Лидерот на про-иранската милиција Асаиб Ахл ал-Хак (кој првенствено дејствува во Ирак, поддршка добива од Иран), Каис ал-Хазали, се појави на израелско-либанската граница, што сугерират видео снимки кои вчера беа емитувани од неколку извори, вклучувајќи го и саудискиот канал Ал Арабија.
На видеото Хазали може да се види во воена униформа во јужниот дел на Либан, каде што тој и другите припадници на иранската милиција зборуваат за тоа како се подготвени да ги поддржат “борците на отпорот”, осврнувајќи се на либанскиот Хезболах, кој исто така е потпомогнат од страна на Иран, главен израелски непријател во регионот.
“Ние овде, заедно со Хезболах, изјавуваме дека сме целосно подготвени да застанеме со либанскиот народ и палестинската кауза против израелската окупација”, рече Хазали.
Потсетуваме, израелските власти веќе извесно време предупредуваа дека најмногу се плашат од доаѓањето на иранските милиции на нивните граници – и покрај тоа, ја користат оваа можност како аргумент за сè почести воздушни и ракетни напади во Сирија.
Извор:Advance



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = eighteen

%d bloggers like this: