Последни Вести
Search
ЗАТВОР

Затворите пренатрупани, 4.000 лица чекаат да одлежат казна затвор

Огромен број осудени граѓани чекаат да ја одлежат својата казна. Тие не се во затвор само поради тоа што нема доволно место, објави Алсат М повикувајќи се на Управата за за извршување на санкциите.

„Во Македонија, 4.000 лица чекаат на ред да одлежат казна затвор. Овие лица се казнети со правосилна судска одлука, но нема место во затворите за одлежување на истата. Низ домашните затвори моментално имаме 2.484 казнети кои одлежуваат казна, додека во притвор имаме 250 лица кои чекаат судска одлука“. – велат од Управата за извршување санкции

Лично премиерот Зоран Заев при посета на затворот во Идризово пред еден месец, изјави дека условите во затворите се катастрофални и дека нивното оптоварување е надвор од секој стандард. За делумно решавање на проблемот, тој спомна Предлог – закон за амнестија.

Предлог – законот за амнестија треба да се усвои од Собранието до крајот на годинава и со него државата планира да ги испразни затворите помилувајќи ги извршителите на полесните кривични дела. Не се предвидува амнестија за лица со доживотна затворска казна, за убиство, за кривични дела за избори и гласање, за кривични дела против полова слобода или кривични дела против државата. Со овој Предлог – закон се очекува да се опфатат сите лица кои одлежале затворска казна од шест месеци, додека на лицата кои во затвор биле пет години, ќе им не се намали казната за 30 отсто. Според Владата, со овој Предлог – закон ќе се постигне ресоцијализација на казнетите.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × = 8

%d bloggers like this: