Последни Вести
Search
1

Израелската војска им ги урна домовите: Палестинци добиле клучеви од 320 новоизградени станови

Турската агенција за меѓуанродна соработка и кординација (ТИКА) на Палестинци им предала 320 новоизградени стамбени единици во Газа.

3

Министерството за стамбени прашања Муфид ал-Хасајнех на примопредавањето на клучевите изјавил дека стамбените единици кои ги изградила ТИКА предадени им се на семејствата кои се наоѓаат во слаба имотна состојба, кои својот дом го изгубиле во израелските напади во 2014 година.

- Задоволни сме од подршката која Турција, а со самото тоа и ТИКА, му ја дава на Палестинскиот народ – рекол Хасајнех.

Објектите во средата биле предадени на Министерството за стамбени прашања.

Во средината на 2014 година војската на Израел во нападите на Газа уби најмалку 2.400 Палестинци и речиси во целост девастирала населби во тој појас.

ТИКА на подрачје од 20 дунуми изградила 20 блокови згради во кои се наоѓаат по 16 станови со површина до 100м2. Тоа ќе биде нов дом за 320 Палестински семејства, односно 2.250 особи.

1 2 4




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + = six

%d bloggers like this: