pens

Американскиот потпретседател Мајк Пенс доаѓа на Блискиот исток, ама на повеќе места не е добредојден

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ќе го посети Блискиот исток овој месец, меѓутоа изгледа дека на поедини места нема да биде добредојден. Имено, прво Палестинските власти јасно му порачале дека немаат намера да се состанат со американскиот потпретседател, откако неговиот шеф Донал Трамп, го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Меѓутоа, не се само Палестинците и муслиманите единствени кои одлуката на Трамп ги погоди и кај кои предизвика гнев. Многу христијани исто така се противат на дефинирање на статусот на Ерусалим како главен град на Израел, а меѓу нив се и египетските христијани, односно Коптите.

Од Египетската Коптска црква порачале дека не сакаат да се сретнат со американскиот потпретседател Пенс, истакнувајќи дека средбата ја одбиваата како знак на протест против американската одлука за Ерусалим.

Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 7

%d bloggers like this: