протести

Што сè ни се случи по 11 декември: Година на избори, протести, пресврти, крв и оставки

Наврши една година од последните парламентарни избори, што беше исполнета со извонредно крупни настани во политичкиот живот во Македонија, од кои еден со крајно брутално насилство, кога пратеници и новинари беа брутално истепани.

11 декември 2016 годинаДеветти парламентарни избори во Република Македонија, истовремено и четврти предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 51 пратеничко место, СДСМ и коалицијата 49 мандати, ДУИ 10 пратенички места, БЕСА 5 мандати, Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2 мандати.

glasanje-izbori-2016-a

15 декември – Пред Државната изборна комисија (ДИК) при одлучувањето за приговорите почнува протест на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се повторува и во следните денови, при што партискиот лидер ги напаѓа  амбасадорите и невладините организации дека се мешаат во државните работи на Македонија и работат против државата.

23 декември – Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги повика албанските партии да не коалицираат со Груевски.

7 јануари 2017 – Партиите од албанскиот блок ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците соопштија дека усвоиле заедничка платформа, која ќе биде нивна основа во преговорите за учество во новата влада.

9 јануари – Претседателот Иванов му го додели на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, мандатот да формира влада.

30 јануари – Лидерот на СДСМ, Заев изјави дека очекува Иванов да му го додели мандатот за формирање на нова влада, бидејќи Груевски во изминатите 20 дена не успеа да состави владина коалиција

1 февруари – Иванов соопштува дека ќе го додели мандатот само на  партијата или коалицијата која ќе му докаже дека  обезбедила мнозинство во Собранието, односно ќе достави собрани потписи од мнозинство од пратеници.

27 февруари – Заев објавува дека собрал 67 потписи и очекува Иванов да му го додели мандатот.

Za zaednick Makedonija

27 февруари – Почнуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ против политичката платформа на албанските политички партии. Од таму побараа Иванов да не го дава мандатот на Заев.

1 март  – Иванов објавува дека нема намера да му довери мандатот на Заев, велејќи дека нема да даде мандат на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија.

Март и април – Продолжува статус-кво ситуацијата. Иванов не го дава мандатот. Во меѓувреме речиси секојдневно се одржуваат протестите на „За заедничка Македонија“

Sobranie-7

27 април -Упад во Собранието, односно „крвав четврток“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со долги дискусии блокираа да се дојде до точката за избор на претседател на новиот парламентарен состав. Откако парламентарното мнозинство составено од СДСМ, ДУИ и БЕСА во собраниската сала го избра Ферид Мухиќ за претседавач на седницата за избор на нов претседател по завршувањето на редовната седница, по што тој за свои заменици ги избра Горан Мисовски и Џевад Адеми,  пратеникот Талат Џафери од ДУИ беше  избран за претседател на Собранието. Потоа демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието откако им беа отворени вратите од страна на некои пратеници и почна брутално тепање на пратениците и на новинари со неколкумина сериозно повредени.

30 април – 1 мај – Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на САД, Хојт Брајан Ји пристигна во Скопје на дводневни средби со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот блок. Тој го осуди насилството во Собранието и порача дека е избран нов претседател на парламентот и дека собраниското мнозинство има одговорност да формира нова влада.

17 мај – Претседателот Иванов му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев.

19 мај – Првите официјални преговори на Заев со Ахмети и другите лидери за формирањето на новата влада.

31 мај –Пред полноќ, со 62 гласа „за“ е изгласана новата влада предводена од Зоран Заев, која веднаш потоа положи заклетва.

1 јуни – Претседателот Иванов ја прими новата влада.

план 3-6-9 plan 3-6-6

5 јули – Премиерот Заев го презентираше „Планот 3-6-9“ за брзи реформи за брзо добивање препорака за преговори со ЕУ.

6 август – Во Собранието е изгласан ребалансот на буџетот за 2017 година.

17 август – Собранието го разреши Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

15 октомври – Прв круг од локалните избори.

29 октомври – Втор круг на локалните избори.

28 ноември – Приведени се, а подоцна и притворени дваесетина лица меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи и директор тна Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ и шестмина пратеници во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, поради насилствата во Собранието од 27 април. Обвинителството  за организиран криминал и корупција соопшти дека против нив, односно против вкупно 36 лица отворило истрага и ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

10 декември – Никола Груевски поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор:Мета




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 3

%d bloggers like this: