Последни Вести
Search
абас

Вашингтон изразил жалење заради одбивањето на Абас да се сретне со Пенс

Вашингтон изразил жалење заради одлуката на палестинскоиот претседател Махмуд Абас да не се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс во текот на неговата предстојна посета на регионот на Блискиот исток.

- Жалосно ее тоа што Палестинските власти повторно се оддлаечуваат од можноста да се разговара за иднината на регионот, ама нашата админситрација останува предана на своите напори да помогне во остварувањето на мирот помеѓу Израел и Палестина и нашиот мировен тим одлучен е во намерата да состави мировен план – објавил на Твитер профил портпаролката на американскиот претседател Алајса Фарах.

Во саботата дипломатскиот советник на Абас, Мајди Калди изјавил дека Абас нема да се сретне со Пенс“ бидејќи САД ја преминаа црвената линија“, кога станува збор за статусот на Ерусалим.

И покрај повторените предупредувања на глобалните и регионални сили, Трамо Ерусалим го прогласи за престолнина на Израел на 6.декември, предизвикувајќи гневни реакции и осуди ширум светот. После објавата, масовни антиамерикански митинзи избувнаа ширум регионот во кои загинаа неколку Палестинци,а стотина останале повредени во судирите со израелските безбедносни сили, пренесува Русија Тудеј.

Извор:(Vijesti/ FENA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + one =

%d bloggers like this: