Последни Вести
Search
ERDOGAN-PUTIN

Путин-Ердоган: Одлуката на САД за Ерусалим го дестабилизира Блискиот Исток

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го дестабилизира Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Анкара со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган.

На заедничката прес-конференција по средбата на двајцата претседатели, што траеше еден час, Путин предупреди дека одлуката на американската Администрација нема да помогне за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток, туку токму спротивното – ќе ја дестабилизира и без тоа сложената состојба во регионот.

Според Путин, статусот на Ерусалим треба да биде договорен во директни преговори меѓу Израел и Палестинците.

Ердоган, од своја страна, изјави дека на средбата со Путин станало збор и за начините за решавање на конфликтот во Сирија и дека се договориле одново да се сретнат во Сочи што е можно поскоро за да разговараат на оваа тема.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × three =

%d bloggers like this: