Последни Вести
Search
атомска централа

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Египет и Русија градат атомска централа

Египет и Русија во Каиро потпишаа финален договор за изградба на првата египетска нуклеарна централа.
Договорот потпишан во присуство на претседателот Владимир Путин и Абдел Фатх ал-Сиси го потврди договорот постигнат од страна на двете земји во ноември 2015 година за изградба на четири реактори од 1200 мегавати, сите во близина на местото околу Даба во северниот дел на земјата.
Конечниот договор ќе биде потпишан од египетскиот министер за електрична енергија Мохамед Шакер и директорот на големата руска нуклеарна компанија Росатом, Алексеј Лихачов пред камерите на египетската јавна телевизија.
Проектот ќе чини околу 30 милијарди долари, пишуваат египетските медиуми.
Москва ќе учествува во финансирањето ќе учествува низ заем одобрен на египетските власти.
Во раните 1980-ти, за време на власта на претседателот Хосни Мубарак, Египет веќе размислувал за изградба на нуклеарна централа во Даби, но проектот бил суспендиран по катастрофата во Чернобил во 1986 година.
Путин, кој последен пат престојуваше во Египет во февруари 2015 година, пристигна во Каиро во вчера попладне после непланирана посета на Сирија.

Извор:SB

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + three =

%d bloggers like this: