Повеќе од 100 еврејски научници од Северна Америка потпишаа соопштение во кое ја осудуваат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прогласи Кудс за главен град на Израел и да ја премести американската амбасада од Тел Авив во Кудс (Ерусалим).
“Декларацијата на владата на Соединетите Држави која изгледа единствено ја поддржува еврејската сопственост на Ерусалим  дополнителна е навреда на постоечките повреди и практично подтикнува насилства“, стои во соопштението.
“Затоа, ја повикуваме американската влада да преземе итни чекори за деескалација на тензиите што произлегуваат од претседателската декларација и да се разјасни уделот на Палестинците во иднината на Ерусалим”.
Во соопштението се вели дека одлуката на американската администрација ја прекина повеќедецениската политика и дека е проблематична бидејќи ја формализира израелската окупација на палестинските територии и дека сега речиси е невозможно да се постигне мировен договор меѓу двете страни.
Групата истакнала дека Палестинците “поднесуваат систематскА нееднаквост” во окупираниот Источен Кудсу и се соочуваат со континуирана дискриминација од страна на израелските власти, вклучувајќи ја и дискриминацијата во општинските служби и распределбата на средствата од буџетот. Нив, исто така, им биле ускратени и  градежните дозволи, истакнуваат научниците.
“Се надеваме дека еден ден ќе видиме свет во кој сите жители на земјата ќе уживаат еднаков пристап до културните и материјалните ресурси на градот”, се наведува во соопштението во врска Кудс. “Денес, за жал, тоа не е случај”.
Многу научници се познати критичари на републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој се обиде во текот на изборната кампања да ги освои гласовите на еврејските гласачи ветувајќи дека ќе го признае Кудс (Ерусалим) како главен град на Израел.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име