EGYPT-ARAB-PALESTINIAN-POLITICS

Саудиска Арабија ги повика САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел

Реагирајќи на одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел и да ја дислоцираат американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, саудискиот министер за надворешни работи повика на меѓународен консензус.
Говорејќи на вонредниот состанок на Арапската лига во Каиро во саботата навечер, Адел Џубери побара од владата на САД да ја повлече својата одлука и да се приклони на меѓународните напори за да им се овозможи на Палестинците да ги уживаат своите легитимни права, јавува Ал Арабија.
Џубиер тврди дека арапската иницијатива поднесена од Саудиска Арабија во 2002 година представувала еден вид карта на патот за справување со сите кризни ситуации.
Тој, исто така, то ја повика меѓународната заедница да ги интензивира напорите за постигнување на “целосно и правично решение” за конфликтот.
Министрите за надворешни работи на земјите од Арапската лига се собраа во саботата во Каиро на итен состанок за да се договорат за заеднички одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за израелскиот главен град.
Не е јасно каква одлука министрите ќе ги донесат во однос на конкретните контракритизации на одлуката на Трамп, но арапските дипломати, кои сакаа да останат анонимни, зборуваа за поднесување на нацрт-резолуција со која се осудува потегот пред Советот за безбедност на Обединетите нации и мерките поврзани со билатералните односи меѓу државите член на Арапската лига и Вашингтон.
Извор:(saff)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = four

%d bloggers like this: