Француската влада ќе им забрани на учениците во основните и средните училишта да користат мобилни телефони од следната учебна година.

Децата ќе можат да носат телефони на училиште, но нема да им биде дозволено да ги користат за време на престојот во училиштето, дури и за време на паузата, вели британскиот весник “Гардијан”.

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бленкер, изјавил дека мерката ќе стапи во сила од почетокот на следната учебна година во септември 2018 година. Ќе се применува на сите ученици да тргнувањето на училиште во шестата година до возраст од 15 години кога тргнуваат на средно училиште.

Бланкер изјавил дека некои образовни институции веќе ги забраниле студентите да користат мобилни телефони.
“Понекогаш вашиот мобилен телефон е потребен поради некои итни ситуации за време на вашите часови, но употребата треба да се контролира”, изјавил тој за RTL.
Министерот додал дека ова е добра здравствена мерка, бидејќи децата на возраст од шест години не треба да бидат изложени на екранот.

Извор:(Vijesti/SRNA)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име