rohani

Рохани повика на единство на Палестинците и муслиманите за заштита на статусот на Ерусалим

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги повика Палестинците и нивните политички групи да бидат единствени наспроти одлуката на Соединетите Американски Држави да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Рохани му телефонирал на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, за ситуацијата во Ерусалим.
“Во овие околности, сите Палестинци и Муслимани мора да бидат единствени и подготвени да одговорат силно на американските и израелските потези”, истакнал Рохани, додавајќи дека интифадата ќе трае се додека Палестинците не изборат за своите законски права.
Остро осудувајќи ја одлуката на САД за Ерусалим, Рохани истакнал дека САД и Израел го покажале своето вистинско лице.
Палестинскиот лидер Хамас Ханијех во таа прилика ги повика сите членови на Организацијата за исламска соработка (ОИК) на утрешниот самит на лидерите во Истамбул да заземат единствен став за поддршката на палестинскиот народ.
Извор:(Vijesti/ AA)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 + three =

%d bloggers like this: