Последни Вести
Search
1

Пораз за Трамп: По 25 години во Алабама победи демократ

Демократот Даг Џоунс победи на изборите за американскиот Сенат во сојузната американска држава Алабама, победувајќи го републиканецот Реј Мур.

Американските медиуми наведуваат дека со тоа е нанесен тежок пораз на американскиот претседател Доналд Трамп, кој силно го поддржуваше Мур, обвинет за сексуално вознемирување, а се потсмеваше со демократот.

Џоунс стана првиот демократски сенатар од Алабама после 25 години, и тоа со 51 отсто од гласовите. Со тоа е загрозана агендата на Трамп, а на демократите им се отворени вратите за преземање на Сенатот следната година, наведуваат американските медиуми. Сега републиканците ќе имаат 51 сенатор, а демократите 49.

Републиканците се уште не го признаваат поразот и тврдат дека некои гласови сè уште пристигнуваат. Сепак, Трамп веќе му честиташе на Џоунс и истакна дека тој извојувал „тешка победа“, но „победа си е победа“

Изборите беа одбележани од валканата кампања, која предизвика национален интерес, но и голема поделба меѓу републиканците, откако неколку жени го обвинија 70-годишниот Мур за сексуален напад додека тие биле тинејџерки, а тој имал околу 30 години.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 7 =

%d bloggers like this: