Последни Вести
Search
abas

АБАС: САД повеќе нема да бидат дел од Израелско-Палестинскиот мировен процес

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Истанбул изјави дека САД го загубиле статусот напосредници во израелско-палестинскиот мировен процес и дека на оваа земја нема да и биде дозволено да биде дел од тој процес во иднина, објави агенцијата Анадолу (АА).
Абас зборуваше на отворањето на вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИК) во Истанбул, свикан по повод одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Во својот говор, палестинскиот претседател истакна дека без Ерусалим, како главен град на Палестина, на Блискиот Исток нема мир и стабилност.
“Соединетите Држави го изгубија статусот на посредник во мировниот процес меѓу Израел и Палестина. Ние никогаш нема да дозволиме САД да бидат дел од идниот мировен процес “, рекол Абас.
Тој, исто така, порачал дека Ерусалим останува главен град на Палестина, град во кој муслиманите и христијаните ќе продолжат да живеат.
“Со сета сила мора да се потрудиме окупирана Палестина конечно да биде призната како држава”, рекол Абас.
Извор:(Vijesti / AA)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = three

%d bloggers like this: