Последни Вести
Search
600_1513160339oic2

Исламските земји ќе побараат признавање на Источен Ерусалим за главен град на Палестина

Во заедничката изјава која што ќе биде објавена по денешниот вонреден самит на лидерите на Организацијата за исламска соработка (ОИК), што се одржува во Истанбул, ќе биде испратена покана до меѓународната заедница да го признае Источен Ерусалим како главен град на Палестина кој е под окупација, објави агенцијата Анадолу (АА).
Како што дознава АА од извори блиски до организаторот, дел од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на денешното обраќање на самитот во која вели дека “го повикува целиот свет да го признае Источен Ерусалим како главен град на Палестина кој е под окупација” ќе се најде во заедничката изјава, после Самитот.
Покрај тоа, исламските земји ќе го изразат очекувањето на меѓународната заедница да одговори позитивно на поканата да го признае Источен Ерусалим како главен град на Палестина.
Извор:faktor



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − four =

%d bloggers like this: