ердоган-оик

ОФИЦИЈАЛНО: ОИК ја призна државата Палестина и источен Ерусалим за главен град на истата

Во изјавата после Самитот на исламските земји во Истанбул, наведено е дека, во случајот на пасивност на ВСУН (околу Ерусалим), тие се подготвени за дебата пред Генералното собрание на ОН, јави агенцијата Анадолу (АА).
- Ја отфрламе и осудуваме изјавата на американската администрација во врска со статусот на Ерусалим – се вели во декларацијата објавена по самитот што се одржа денеска во Истанбул.
Претставниците на Организацијата за исламска соработка (ОИК) го повикаа целиот свет да го признае Источен Ерусалим како главен град на државата Палестина.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември одлучи да го признае Ерусалим за главниот град Израел, предизвикувајќи остри реакции ширум светот, особено во исламските земји.
- Потврдуваме дека ја признаваме државата Палестина со Источен Ерусалим како главен град – стои во декларацијата.
Во декларацијата на ИОК се наведува дека американското признавње на Ерусали за главен град на Израел еднакво со нивното повлекување од понатамошните преговори.
Формирањето на Организацијата за исламска соработка (ОИК), која е со 57 членови на четири континенти е најголемата меѓудржавна организација по ОН, се потпира на важноста која исламскиот свет му ја придава на Ерусалим.
ОИК е основана со одлуките на шефовите на држави и влади на исламски земји кои се собраа во Рабат, Мароко, откако Ал Акса беше запалена во 1969 година, што беше од голема важност за муслиманите. На 21 август 1969 година, Ал-Акса беше запалена од страна на христијанскиот екстремист Мајкл Денис Рохан. Во пожарот изгорел михараб Ал-Џами “Ал-Qibli, како и минберот стар речиси илјада години.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × = thirty six

%d bloggers like this: