ЕРДОГАН-ОИК1

Ердоган: На светот му докажавме дека Ерусалим не е оставен сам на себе

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ероган денешниот вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИК) во Истанбул го нарече како историски, и порачал дека верува дека целиот свет му е покажано дека Ерусалим не е оставен сам на себе си, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Ердоган зборуваше на прес-конференцијата по завршувањето на денешниот вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИК) во Истанбул, свикан по повод одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
“Верувам дека овој историски самит повторно му покажа на целиот свет, како и на донесувачите на одлуки дека Ерусалим не е оставен сам на себе”, рекол Ердоган, додавајќи дека “процесот на американско посредување меѓу Израел и Палестина е завршен, и дека повеќе не можно нивно учество”.
Турскиот претседател порачал дека човештвото, заедно со 1,7 милијарди муслимани денес, потврди дека ја отфрла одлуката на американската администрација за статусот на Ерусалим и дека ОИК нема да направи чекор назад во однос на барањето за независна Палестина.
“Како организација, никогаш нема да направиме чекор назад од нашето барање за суверена и независна палестинска држава, според границите на 1967 година, со главниот град Ерусалим”, рече Ердоган.
Исто така, Ердоган го посочи историското значење на денешниот самит.
- Денешниот Самит на ОИК претставува историска порака во контекст на посочувањето на опасноста од провокативен потег на американската администрација – надополнил тој.
Тој исто така порачал дека нема никаква корист во инсистирањето на грешката која е направена.
- Очекуваме властите во САД да направат чекор назад од грешката која ја направија, изјавил Ердоган.
Извор:Vijesti/AA



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × eight =

%d bloggers like this: