SALMAN

САЛМАН: Со одлуката на Трамп, одземени правата на Палестинците

Палестинците имаат право на Источен Ерусалим како главен град, изјавил саудискиот крал Саулман денес, обраќајќи се на Консултативниот совет на Кралството додека траел самитот на Организацијата за исламска соработка се кој се одржа во Турција.
- Кралството повикува на политичко решение за регионалната криза, а на прво место е  палестинско прашање и враќање на легитимните права на Палестинците.
Тоа го вклучува и формирањето на нивната држава во која Источен Ерусалим ќе главен град – изјавил Саудискиот крал, објави АФП.
Тој ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го призна Ерусалим како главен град на Израел, велејќи дека тоа е “екстремно кршење на правата на Палестинци кои им се загарантирани со меѓународни резолуции”.
Изјавите на Салман беа објавени за време на самитот, на кој присуствувавал висок претставник на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија, додека мнозинството на држави беа представувани од шефовите на држави и влади.
Извор:(Vijesti)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × = 24

%d bloggers like this: