1

ФРАНЦИЈА: Воз удрил во школски автобус, има жртви

Воз и школски автобус се судриле во близина на градот Перпињан, на југот на Франција. Има мртви и повредени деца.
ТВ-станицата БФМ веднаш изјавила дека има жртви, а според првите информации од други медиуми, најмалку четири деца загинале, а околу 20 се повредени. Меѓу повредените, најмалку седум се борат за живот.
Од Министерството за внатрешни работи веднаш било потврдено дека најмалку четири деца загинале.
Канцеларијата на началникот на Перпињан и канцеларијата на националната железничка компанија во првиот момент одбиле да коментираат дали имало жртви додека не стигнале на местото на несреќата.
“Сите единици за итна помош се мобилизирани, како и единиците за управување со кризи”, објавија градските челници на Твитер.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = eight