Последни Вести
Search
zaev_vuch

НОВ СПОР ЗАРАДИ КОСОВО: Изјавата на Зоран Заев наиде на остри критики од Србија

Србија може да превземе радикални мерки во односите со Скопје и да го повлече признавањето на Македонија под нејзиното уставно име ако премиерот Зоран Заев ги исполни “заканите” дека ќе гласа за членството на Косово во УНЕСКО, дознава “Новости”.
Белград внимателно ќе ги следи чекорите на Македонија и најавата за прием на Приштина во меѓународни организации и како Скопје ќе се постави спрема  националните интереси на Србија, така и Србите, ќе се однесуваат според нив, наведуваат “Новости”.
Властите во Приштина ќе имаат можност да го покренат прашањето за членство во УНЕСКО дури за две години. Сепак, принципот на реципроцитет во дипломатските и политичките односи со Скопје, Белград може да ги активира веќе во 2018 година, бидејќи косовските Албанци најавија дека тогаш повторно ќе се обидат да ја отворат вратата на Интерпол.
Заев пред два дена во Приштина, каде што се состана со Рамуш Харадинај, со насмевка рече дека “Косово може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси”. Оваа нова изјава на македонскиот премиер уследи по не цел месец откако на српското државно раководство во Белград потврдувал дека “Србија во Македонија има искрен пријател”.
Во Србија, очигледно, оваа изјава за пријателство беше сфатена како гарант за македонско одбивање да го признае Косово на УНЕСКО.
Извор:SB



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 4 = twelve

%d bloggers like this: