Последни Вести
Search
палестина

Малолетни Палестинци подложени на испитувања, тепање и притворање

Иако поминаа два месеци откако израелските војници го уапсија за време на протестите во Наби Салех на Западниот Брег, 15-годишниот палестинец Амјад изјавил дека никогаш нема да го заборави тој настан.
“Се сеќавам на тој инцидент како да се случи вчера”, рече Амјад, чии родители побараа од него да не го даде своето презиме поради безбедносни причини.
Амјад тврди дека израелските војници го задржале повеќе од два часа врзан во блиндирано воено возило со затемнети стакла и цело тоа време грубо го навредувале.
Потсетувајќи се на моментот кога израелските војници го довеле во воената база, Амјад рекол дека во таа прилика бил жртва и на физичко насилство.
“Тројца војници ми ја соблекоа облеката и ме изложија на получасовен болен преглед. Потоа, во една просторија без храна и вода,  ме затворија  и држеа три часа “, изјавил Амјад.
Видно исплашеното момче разговорот со новинарот на АА го продолжил охрабрувачки.
“Потоа ме одведоа во просторијата за испитување каде што еден војник постојано ми викаше. Три пати ме удри во стомакот откако не му одговорив на едно прашање. Останав без здив и ја изгубив свеста “, рекол Амјад, а неговиот татко додава дека Амјад бил ослободен откако поминал 48 часа во притвор.
Организациите за човекови права ги обвинуваат израелските безбедносни сили за спроведување на постојани апсења на палестински малолетници.
“Израелските сили уапсија Палестинци не грижејќи се за нивната возраст или пол. Меѓународните норми предвидуваат дека сите лица на возраст под 18 години се малолетници “, истакнал Кадура Фарес од Асоцијацијата на палестински затвореници.
Фарес, исто така, рече дека во изминатите две години израелските сили во повеќе наврати уапсиле и деца под седум години. Тој додава дека ова е грубо кршење на меѓународните норми.
“Светот мора да заземе јасен став против израелските злосторства против нашите деца кои се изложени на злоупотреба секој ден заради окупацијата”, рекол Фарес.
Израелските апсења на палестински малолетници беа на насловната страница на светските медиуми минатата недела за време на масовните протести поради признавањето на Ерусалим во Ерусалим како главен град на Израел.
Фави ал-Јуниди е 16-годишно момче кого израелски војници го приведиле за време на протестот во Хеброн, а фотографијата на која се гледа како неколку војници го водат со повез на очите постана еден од симболите на палестинскиот отпор на окупацијата на Ерусалим.
Најмалку 100 палестински малолетници се уапсени од минатата недела после објавувањето на американската одлука за Ерусалим, стои во извештајот на Здружението на палестински затвореници.
Палестинските организации за човекови права тврдат дека мнозинство од уапсените палестински деца биле подложени на психолошко или физичко малтретирање.
“Најмалку 90 отсто од упасените малолетниците биле жртви на вербална злоупотреба и понижување од страна на израелските војници. Четири од петмина приведени биле принудени да ја соблечат облеката и бида подложени на испитувања, а една третина од нив биле жртви и физички злоупотребувани “, изјавил  Ајед Абу Ктaиш, претставник на Организација за заштита на Палестинските деца.
Исто така, се наведува дека 75 отсто од уапсените палестински малолетни лица немале право на правен совет пред испрашувањето.
“Не станува збор за изолирани случаи, тоа е стандардизирана практика на израелските сили и власти. Целта на израелската окупациона политика е да ја заплаши палестинската младина со ваквата систематска пракса “, изјавил Абу Ктаиш.
Лидерот на Асоцијацијата на семејства на уапсените Палестинци во Ерусалим, Амјад Абу Асаб, изјавил дека израелските сили уапсиле минатата недела уапсиле најмалку 19 малолетни лица за време на претресите на нидвните домови кои се вршат навечер.
“Сите овие малолетници се жртви на психичко и физички злоупотребување за време на притворот”, рекол Абу Асаб.
Според Здружението на палестински затвореници, во израелски притворања во просек има околу 300 палестински малолетници.
Извор:(Vijesti)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = seven

%d bloggers like this: