4

Кина ја подржува Палестина со Источен Ерусалим за главен град

Кина ја поддржува независна Палестина на основа границите од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град, соопшти вчера портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Говорејќи после вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИК) што се одржа во средата во Истанбул, Канг изјавил дека Пекинг ја разбира загриженоста на муслиманските земји за статусот на Ерусалим.
Во средата, земјите на ОИК издадоа декларација со која се потврдува признавањето на источен Ерусалим како главен град на Палестина.
Канг ги повика двете страни да го продолжат дијалогот за да најдат “сеопфатно и правично” решение за долготрајната криза меѓу Палестина и Израел.
Со Истанбулската декларација  светот е повикан “да го признае источен Ерусалим како окупиран главен град на Палестина”. Со неа, исто така, беше отфрлена и осудена за незаконска одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од минатата недела, официјално признавајќи го Ерусалим како главен град на Израел и најавувајќи го преселувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, кој моментно е во окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.
Израел:(Vijesti)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + 8 =

%d bloggers like this: