Golan-Sirija-940x560

ОН ја потврди подршката на израелскиот режим на терористите во Сирија

Во извештај на набљудувачите на Обединетите нации кои ја следат ситуацијата на Голанската висоравнина, окупирани од страна на Израел, потврдуваат дека израелската страна обезбедувала различни видови на поддршка на одредени милитантни групи, вклучувајќи го и фронтот Ал-Нусра. Работата на набљудувачите на мисијата на УНДОФ го покрива периодот од 10 до 24 ноември, а извештајот беше објавен на 6 декември, објави сириската новинска агенција САНА.
Во овој период биле забележани најмалку 13 контакти на израелските сили со претставници на милитантните групи. Претставниците на мисијата UNDOF забележуваат дека, во близина на нивните позиции за набљудување, на милитантите им биле предадени кутии со ознака “муниција”.
Групата за следење го потврди постоењето на полска болница во близина на местото каде што бил распореден израелскиот режим, каде што на терористите им била давана медицинска помош.
Во демилитаризираната зона на Голанската висоравнина, израелските сили распоредиле и тешко оружје и на терористички групи во борбите во јужна Сирија покрај воена им обезбедувале и логистичка поддршка.
Извештајот составен од UNDOF бил упатен до Генералниот секретар на Обединетите нации.
UNDOF потврдува дека неколку пати ја следеле поддршката и помошта на вооружените терористички групи од страна на израелскиот режим, како и нивната директна комуникација и координација.
ОН наведува најмалку 13 контакти на израелски сили и поединци од сириска страна на линијата на поделба, вклучувајќи неидентификувани вооружени и невооружени лица.
Потсетуваме дека подрачјето од кое доаѓаале неидентификувани вооружени и невооружени лица е под контрола на терористички групи.
Во извештајот се спомнуваат и израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот во окупираниот сириски Голан и спроведувањето на нападите на израелската армија на територијата на Сирија.
Генералниот секретар на Обединетите нации ги повика земјите што имаат влијание врз вооружените терористички организации да извршат притисок врз нив со цел да се запре кршењето на демаркационата зона за сите активности што го загрозуваат животот и безбедноста на персоналот на Обединетите нации.
Извештај: UNDOF/PDF

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 0

%d bloggers like this: