асанж

“Исчезна“ Џулијан Асанж

Твитер профилот на оснивачот на “Викиликс“ Џулијан Асанж исчезнал во неделата навечер, а корисниците на социјалните мрежи се збунети и прашуваат што се слуило.

Неколкумина корисници сметаат дека Асанж го избришал својот профил, ама некои пак мислат дека компанијата Твитер му го суспендирала профилот, пренесува IBTajms.

Твитер профилот @JulianAssange, не постои, причината засега е неспозната, а извор близок на Викилик изјавил дека не е запознат со плановите на Асанж да го деактивира својот профил.

Како што се тврди, шансите Твитер да го суспендирал профилот на Асанж се мали, бидејќи тој не спаѓа во категорија на поединци чии профили ќе бидат деактивирани од страна на сајтот на социјалните мрежи.

Компанијата Твитер, на 18.декември поставила нови правила во врска суспензијата на профилите, според кои че биде одтсранета било која особа, која е поврзана со група која шири омраза на било кој начин.

Истовремено, корисниците на социјалните мрежи изразиле загриженост за безбедноста на Асанж, бидејќи неговиот профил исчезнал на само неколку дена после наводниот грабеж на канцеларијата на мадридското одделение на “Викиликс“ Балтасар Гарсон.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × five =

%d bloggers like this: