Во организација на наставничкиот колегиум на Основното училиште Гоце Делчев Подгорци, заедно со учество на родителите на ученици кои посетуваат настава во ова училиште, денес се оддржа 4-от по ред Традиционален училишен базар.

Ова традиција на нашево училиште како и секоја година како што забележувате се одвива и опстојува врз основа желбата да се развиваат образовните активности, врските помеѓу родителите, и се разбира наставниците кои како и секоја година представуваат дел од оваа наша активност предвидена со план програмата на ова училиште.

Посебно ме радува што желбата  за оддржување на оваа наша традиционална активност,ниту кај учениците, а ниту кај родителите не спласнува.

Исто така би сакал да им се заблагодарам на нашите Подгорчани кои секоја година со посетата на нашиов Базар допринесуваат во неговото понатамошно опстојување, што значи ни дава сила да продолжеме понатаму.

Инаку, како што знаете средствата собрани од ова наша активност се користат за обезбедување на работи кои му недостасуваат на нашево училиште, и не случајно велам дека од тука се гледа и помошта на нашите сограѓани во организирањето и пред се помагањето на училиштето во набавување на предмети и други недостатоци за кои ќе отцениме дека ни недостасуваат или од кои имаме потреба.

Уште еднаш би сакал да им се заблагодарам на родителите, учениците и наставниците кои и ова година беа дел од нашиов традиционален училишен базар.

Се надевам дека и наредната година ќе го потврдиме сето тоа, бидејќи оваа активност веќе стана и дел од нашата годишна програма – ни изјави ВД. Директорот  Ариф Имероски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here