zakarova

Русија реагира на јапонското поставувањето на американските ПВО системи: Ова ќе ги наруши односите на Москва и Токио

Портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Закарова, го критикуваше јапонското поставување на американските против-воздушни системи, посочувајќи дека овој потег ќе ги наруши односите меѓу Москва и Токио. Понатаму, се нагласува дека со тоа е прекршен договорот меѓу САД и Русија по прашањето на контрола на вооружувањето.
Да се ​​потсетиме, овој месец, Јапонија одлучи да ја засили својата одбрана со поставување на американските Aegis радарски станици на и пресретнувачи, тврдејќи дека ова е одговор на се зголемените растечките закани од Северна Кореја.
“Ваквите потези се во директна спротивност со приоритетите на градење на воена и политичка доверба меѓу Русија и Јапонија и, за жал, негативно ќе влијаат на целата атмосфера на билатералните односи, вклучувајќи и понатамошни преговори за прашањата од мировниот договор”, истакнала Закарова.
Потсетуваме, Русија и Јапонија никогаш официјално не го потпишаа мировниот договор по Втората светска војна и во моментов се спорат за голем број на острови во пацификот.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + = 16

%d bloggers like this: