Со пригодна свеченост, во делот на населба Подгорци познат како “Селски рид“ беше поставен камен темелник (изградба) на новата џамија на населба Подгорци.

На свеченоста покрај жителите на Подгорци и околните населби, присуствуваа представници на Исламската верска заедница, проф. еф. Шакир Фетаху, представници на Муфтивство Струга, еф. Салим Сулејмани, градоначалникот , г-дин Рамиз Мерко,, имами од џамиите на околните населби,представиници од политичкиот живот,   представници на одборот за изградба на новата џамија, и одговорниот архитект Мирсад Реџоски, кој како проектант на ова џамија пред присутните граѓани ја образложи проектантната документација и тековните активности околу нејзиното составување, притоа изнесеувајќи ги информациите (детали) кои се однесуваат на изградбата на новата џамија односно нејзините карактеристики, како на изгледот на нејзината внатрешност и надворешност, така и изгледот надворешната средината околу овој верски објект.

По завршувањето на излагањата на присутните гости, кои заеднички во своите излагања ја истакнаа важноста од еден ваков објект, беше принесен курбан, кој го означи поставувањето на камен темелникот, за на крај свечноста да заврши со заеднички ручек, по повод оваа свеченост.

[fancygallery id=”3″ album=”4″]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here