mekka

Саудиска Арабија: Катар се користи со медиумски лаги во врска умра хаџот

Во врска информациите кои се појавија пред неколку денови, а беа пренесувани од страна на Катарските медиуми, и однесуваа на тоа дека им се ускратува можноста на умра хаџ на државјани на Катар, се огласја представници на Саудиска Арабија и Големата џамија во Мека, каде стои:
 
“Нема вистина во извештаите дека на државјани на Катар се одбиени и дека им е ускратена можноста да извршат умра”, изјавиле саудиските претставници на Големата џамија во Мека, после сличните извештаи што се појавија минатото лето.
 
Исто така тврдиме дека голем број на  државјани на Катар извршиле умра хаџ за време на дипломатска криза.
 
Ова представува уште една од низата лаги на Катарските власти кои во псоледниве неколку денови се пренесуваат по Катареските медиуми и социјалните мрежи – стои во краткото известување од страна на представниците на Саудиска Арабија, и представниците на Големата џамија во Мека.
 
Потсетуваме како беа пренесувани информациите од страна на Катарските медиуми и ширени по пат на социјалните мрежи:
 
Саудиска Арабија ги спречила верниците од Катар да извршат умра хаџ, односно аџилак во Мека и Медина, објавија одредени медиуми во Катар како и на социјалните мрежи.
Весникот Ал-Раја известува дека Саудиска Арабија применува мерки против катарските верници во Мека, известува Ал Џезира.
 
Поради дипломатската криза меѓу Доха и Ријад и нејзините сојузници, која започна во јуни 2017 година, Катарчаните имале проблеми со аџилакот во Саудиска Арабија.
 
Минатото лето, оваа земја, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет, ги прекинаа дипломатските врски со Доха и ги наметнаа ограничувањата за копно, море и воздух на Катар.
 
Четирите земји го обвинија Катар за финансирање на “екстремистички групи” и приближување кон регионалниот ривал Иран.
 
Според Ал-Раја, саудиските власти минатата недела депортирале група од дваесет Катарчани во Кувајт од аеродромот во Џеда, откако поминале два дена во притвор и се обидуваа да извршат умра.
 
Умрата е аџилак што муслиманите можат да го направат кога сакаат, за разлика од хаџот кој се одржува во точно време.
 
Најмалку еден државјанин на Катар го потврдил на Твитер пишувањето на весникот.
 
“Сакав да направам умира, но саудиските власти ме спречија”, напишал на 25-ти декември Мохамед Бен Хамид Ал Моханади.
 
Ваквите обвинувања и тврдења експресно биле отфрлени од страна на Ријад.
 
 
 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− six = 3

%d bloggers like this: