kalin

Поддршка за Иран: Турција ги предупреди сите странски актери да не се мешаат во Иранските внатрешни прашања

Турција во текот на вчерашниот ден ги предупреди сите странски актери да не се обидуваат да се мешаат во иранските внатрешни работи и иранската политика, истакнувајќи дека таквите чекори би можеле да доведат до одмазда.

Портпаролот на турскиот претседател Ердоган, Ибрахим Калин, исто така, во разговорите со новинарите за време на прес-конференцијата во Анкара, изјави дека иранските граѓани имаат право да одржуваат демонстрации, притоа не е дозволиво притоа да доаѓа до жртви или напади врз јавниот имот.

Ова е поприлична поддршка за Иран од страна на Турција со која Иран, иако постојат одредени разлики меѓу двете земји (на пример во Сирија), во последно време има се подобри односи. Да потсетиме, во контекст на блискоисточните актуелности, двете земји имаат сличен став кон кризата во Катар, бидејќи и двете му помогнаа на Катар кога Саудиска Арабија му наметна економска блокада која сеуште трае.

Протестите во Иран започнаа пред повеќе од една недела, но последните два дена со прилично мал интензитет. Повеќе од 20 лица загинаа во судирите, а повеќе од 1.000 беа уапсени.

Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− seven = 2

%d bloggers like this: